Словачка пред предвремени избори, претседателката ја распушти владата

Словачката претседателка Зузана Чапутова ја распушти во петокот владата на премиерот Едуард Хегер откако во четвртокот вечерта во парламентот ѝ беше изгласана недоверба, што ја зголемува политичката нестабилност во земјата и отвора пат за предвремени парламентарни избори во 2023 година.

Според законите, претседателката Чапутова побара од премиерот Хегер и неговиот кабинет да останата на функцијата техничка влада додека не биде формирана новата, но исто така порача дека политичките челници би требало да ги разгледаат чекорите за распишување на предвремени избори во првата половина од следната година.

„Јасно е од реакциите на политичките челници по вчерашната парламентарна одлука дека не постои волја за формирање нова влада… којашто би добила поддршка во парламентот“, изјави Чапутова.

Словачкиот парламент со големо мнозинство од присутните пратеници на гласањето и натполовинско мнозинство гласаа за иницијативата за изгласување недоверба на владата на конзервативниот премиер Хегер.

„Поради тоа сакам да побарам од вас и од другите политички лидери да ги преземете сите потребни чекори за предвремените парламентарни избори да се одржат најдоцна до јануари“, му порача Чапутова на Хегер.

Одржувањето на изборите пред одредениот датум во 2024 година, за кој би била потребна широка поддршка во парламентот, би можело да влијае врз словачката поддршка на соседна Украина, особено поради тоа што мнозинството на масовните протести уште оваа зима се изјаснуваа против санкциите против Русија поради нејзината инвазија врз соседната земја. Покрај тоа, на власт би можела да дојде лево ориентираната опозиција, којашто во моментов води во анкетите а силно ја критикува одликата за воена помош на Киев, посебно што Словачка останува без своите резерви вооружување.

Премиерот Едуард Хегер од конзервативната партија OLANO (Obycejni lide a nezavisle osobnosti – Обични луѓе и независни личности) според законите би требало да ја поднесе оставката до шефот на државата, во случајов претседателката Зузана Чапутова, која ќе ја задолжи владата да продолжи да ги извршува должностите со ограничени овластувања до именувањето на новата влада.

Во медиумите се известува дека малку е веројатно дека ќе биде формирана нова влада без нови избори, а како можен датум за нивно одржување се наведува септември 2023 година.

Владејачката коалиција на Хегер власта ја презема во 2020 година, но го загуби мнозинството во парламентот во септември кога либертаријанската партија SaS излезе од партискиот сојуз. SaS ѝ се приклучи на левичарската опозициска партија во изгласувањето недоверба и ја обвини актуелната влада дека не му помага на населението во настојувањата да се справи со високите трошоци за енергенсите.

Политичкиот судир до кој дојде по излегувањето на SaS од владата оневозможи поддршка за буџетскиот план за 2023 година на владата на Хегер, кој вклучува и трошоци за компензација на цените на енергенсите.

Челникот на владејачката партија OLANO, Игор Матович претходно во четвртокот ја понуди својата оставка на позицијата министер за финансии, доколку SaS го повлече предлогот за гласање недоверба на владата и доколку ги поддржи буџетските планови. Но од SaS го отфрлија договорот, оценувајќи дека падот на владата на Хегер е неминовен.

„Половина година сме сведоци на постојан хаос и неприфатливиот начин на управување со водата, и оттаму оваа влада не ја заслужува нашата доверба“, изјави претседателот на SaS, Рихард Сулик,