Словачка започна во вторникот започна на граѓаните да им ја нуди вакцината против коронавирусот „Спутник V“, и покрај острата расправа којашто се води во земјата.
Министерот за здравство Владимир Ленгварски објави во вторникот во текот на телевизиско интервју дека од денеска граѓаните може да се регистрираат за вакцинирање со руската вакцина, иако сѐ уште не е ја одобруваат властите во Европската унија.
Првата доза од вакцината „Спутник V“ ќе им биде аплицирана на пријавените од понеделник, а може да ја довиваат сите меѓу 18 и 60 годишна возраст.
Словачка е втората земја во ЕУ, по Унгарија, којашто се реши за руската вакцина, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) одолговлекува со нејзината авторизација, што предизвикува сомневање во Москва дека го фаворизира западните вакцини од кои се порачани и предплатени повеќе стотици милиони дози.
Пред една седмица словачкиот министер за здравство Ленгварски го критизираше наводниот недостиг од доволни руски информации врз основа на коишто би било можно словачката национална агенција да ја одобри вакцината. Но неговиот повик да се почека со употребата на руската вакцина до нејзиното одобрување во ЕУ го одбија повеќето министри од влаејачката коалиција.
Словачка уште во март набави 200.000 дози од вакцината „Спутник V“, кога поранешниот премиер Игор Матович беше обвинет дека ја набавил тајно.
Вакцината досега не беше користена. Владата минатата седмица, сепак, одлучи да ја користи, наведувајќи дека многу луца нема да се вакцинираат доколку „Спутник V“ не биде во понудата, како една од вакцините, имајќи ги предвид ретките појави на смртни случаи поради крвни згрутчувања во Европа по примањата на другите вакцини.