Словачката и унгарската влада се против употребата на западно оружје на руска територија

Официјални лица од Словачка и Унгарија, две земји кои критичарите ги обвинуваат за проруски позиции, во понеделникот се спротивставија на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за напади на руска територија.

„Ова е невидена ескалација на тензиите, одлука која ги загрозува надежите за почеток на какви и да се мировни преговори и крај на меѓусебното убивање на Славјаните во Украина“, рече словачкиот премиер Роберт Фицо.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, неодамнешен учесник на безбедносниот форум во Белорусија која со Русија до почетокот има договор за ткн Сојузна држава, рече дека е „исклучително опасно“ да се дозволи Украина да изведува напади врз Русија со оружје произведено од НАТО.

Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден ги укинала ограничувањата што ја спречија Украина да користи оружје произведено од САД за напади длабоко во руската територија, изјавија три извори, пренесе во недеалата британската новинска агенција Reuters.

Претходно во недечлата американскиот дневен весник The New York Times објави дека американското оружје првично ќе се користи против руските и неводно и досега воопшти недокажаното прсуство на севернокорејски војници во рускиот регион Курск, кој украинските сили го нападнаа на почетокот на август, но со огромни загуби во жива сила и западна воена техника, главно стотици уништени и запленети германски тенкови и исто толку американски тешки оклопни борбени возила веќе речиси се потиснати од руската погранична област.

Одлуката на Бајден е голема промена во американската политика кон Украина и ги подели неговите советници. Промената доаѓа два месеци пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој најави намалување на помошта за Украина, додава NYT.

Францускиот медиум Le Figaro по неколки часа во неделата вечерта објави дека по одлуката на Бајден, наводно и Париз и Лондон одобриле Украина да го користи нивното оружје со долг дострел за напади на руска територија. Меѓутоа, во понеделникот таа вест објавена на страницата на електронското издание на францускиот дневен весник веќе не беше достапна.

Треба притоа да се истакне дека до понеделникот вечерта, ниту Белата куќа, ниту Пентагон и ниту Стејт департментот ја потврдија веста на NYT и Reuters, додека американскиот претседател Џо Бајден во неделата одби да одговори на прашањето во врска со темата што му го поставија новинарите кои го следат на неговиот престој во Бразил.