Словачкиот премиер Пелегрини го преживеа гласањето за доверба

Словачкиот премиер Петер Пелегрини го преживеа гласањето за доверба во вторникот откако го загуби мнозинството во парламентот, и по сознанијата а поврзаноста на главниот осомничен за убиството на новинарот Јан Куциал со членови на неговата партија и правосудниот систем.

Пелегрини го преживеа гласањето за доверба поради поддршката од независните пратници, откако двајца пратеници од коалицискиот партнер минаа во опозиција, поради што неговата партија Смер го загуби мнозинството во парламентот.

Убиството на новинарот Јан Куциак, кој откри малверзации во кои бил вклучен и претприемач поврзан со политиката, и на неговата вереница Мартина Куснирова, во прв план ја исфрли корупцијата во Словачка и ги предизвика најголемите протести од падот на комунизмот во 1989 година.

Пет лица беа обвинети за убиствата, вклучително и влијателниот претприемач Маријан Коцнер, за чиишто деловни махинации пишуваше Куциак. Секоја поврзаност и каков и да е контакт со Коцнер, па и едноставно познанство, станаа товар за словачките политичари.

Обвинителството во август објави дека пронашло десетици илјади пораки од паметниот телефона на Коцнер, вклучително и комуникација со „претставници на државни тела и на правосудниот систем“.

Словачките медиуми објавија делови од пораките, кои Коцнер наводно ги разменил со жената, исто така, обвинета а убиствата, и со деловен парнтер, во кои разговараат за наводни конакти со властите. Златица Куснирова, мајка на вереницата на Куциак, и нејзиниот адвокат Роман Квасница ја потврдија автентичноста на пораките.

Од јануари годинава два земеника на главниот обвинител се повлекоа од функциите, поради контакти или со Коцнер или со обвинетата жена. Заменичката министерка за правосудство поднесе оставка претходно во септември, откако нејзиниот телефон го заплени полицијата, а таа негира поврзаност со Коцнер.

Владата на Пелегрини ќе се соочи со поголем притисок во петок кога демонстрантите повторно ќе излезат на улица.

Владајачкиот социјалдемократски Смер и натаму е најсилната партија, со околу 20 отсто поддршка во анкетите, благодарејќи на силната економија и јакнењето на социјалнтата држава. Меѓутоа, Смер доживеа големи удари на регионалните, локалните и претседателските и европските избори последните 18 месеци, па новата либерална коалиција му се приближи со 15 отсто поддршка.