Словенечката ракометна репрезентација поради контроверзните судиски одлуки во првиот и во вториот натпревар, односно во саботата со Македонија и во понеделникот со Германија, размислуваат за напуштање на Европското првенство во Хрватска.
Конечната одлука ќе ја донесе Ракометниот сојуз на Словенија на чиешто чело е Фрањо Бобинц, беше соопштено на прес-конференцијата во вторникот во Загреб.
За словенечката репрезентација особено е спорна одлуката на судијата којашто беше донесен на крајот до вториот натпревар во Групата Ц против Германија. Мечот заврши со реми 25:25, откако Германците изедначија од седмерец досуен по истекот на времето, по долготрајно прегледување на снимката. Судиите утврдија дека словенечкиот играч Влаж Балготиншек го попречувал изведувањето на топката од средината на играчиштето, што според новите правила во последните 30 секунди од мечот се казнува со црвен картон и удар од седум метри.
Мечот заврши во контроверзни околности, откако Пол Друкс на десетина секунди пред крајот израмни на 24:24 во кој Германија играше без голман, Словенија изведе ткн „брз центар“ и Блаж Јанц погоди за 25:24. Иако се чинеше дека овој гол е постигнат во последната секунда, германските ракометари и раководството на селекцијата потоа извршија силен притисок врз судиите од Литванија кои по повеќе од десет минути прегледување на снимката утврдија дека сепак на семафорот останло малку време, а дека Благотишек не се наоѓал на потребните три метра оддалеченост од германскиот играч кој сакал да ја изведе топката од центарот.
Таквата опструкција според новите правила се казнува со директен црвен картон и седмерец, во случајов за Германија, кој го реализираше Тобиас Рајхман, по конечниот резултат гласеше 25:25.
По ваквиот расплет на мечот, и поради претходно досуден пенал над Генсхајмер кој во контранапад не резлизираше зицер а за што исклучување доби Кавтичник, а потоа и клупата на Словенците, словенечката репрезентација се реши да вложи жалба на судењето.