Словенец кој се вакцинирал за други заврши во притвор

Во Словенија е притворен маж кој последните два месеца седум пати се вакцинирал Covid-19, а крвично ќе одговараат уште четворица други, на чиешто име се вкацинирал за тие да можат да ги добијат ковид-потврдите, објавија во средата тамошните медиуми.

Сите се товарата поради манипулации по вакцинирањето бидејќи здравствените власти со умисла ги довеле во заблуда, па на невакцинирани лица им биле издадени ковид-потврди иако не биле вакцинирани, објави телевизијата POP-TV.

„Кој при налдежно тело или во кавниот бележник со лажна изјава добие потврда којашто може да послужи како доказ во правното прометување може да биде казнет со затворска казна до три години“, предупредува во соопштението по овој повод словенечката полиција, додавајќи дека во случајот лицата знаеле за манипулации со податоците може да бидат казнети и лицата коишто користат таква потвда или ја издале.

Полицијата наведува дека четворицата мажи кои не сакале да се вакцинираат против коронавирусот за пари ангажирале лице со социјални проблеми, коешто се вацкинирало во различни центри за вакцинирација користејќи ги нивните здравствени книшки, а упсени е кога осми пат се пријавило за вакцинирање и сега се наоѓа во притвор.

„Лицето за тие вакцинирања од другите четворици осомничени, коишто ги искористиле неговите проблеми и околности во коишто живее, добил ниска парична награда а тие го навеле на кривично тело, неводејќи сметка за неговото здравје“, се додава во полициското соопштение.

Словенечките здравствени власти засега не се огласија со коментар колку повеќекратното вакцинирање вон препораките би можело да биде опасни и какви последици би можело да има лицето кое така постапува.

Првите случаи на сличко лажирање на ткн ковид-статус во Словенија беа забележани уште во септрември, кога во Љубљана беа пријавени повеќе случаи кога лица на кои им била потребна ковид-пропусница а не сакале да се вакцинираат, за тоа ангажирале други и им плаќале. Најчесто таквата работа ја преземале лица од социјалните маргини, бездомници или зависници од дроги, а добивале по околу 150 евра за една примена доза.