Словенечкиот премиер Шарец поднесе оставка

Словенечкиот премиер Марјан Шарец во понеделникот изјави дека на парламентот уште денеска ќе му ја поднесе својата оставата и дека е најдобро што е поскоро можно да се одржат предвремените парламентарни избори.

„Уште денеска својата изјава за оставката ќе ја испратам во парламентот и најдобре е да одиме на предвремени парламентарни избори“, изјави Шарец на вонредна прес-конференција во владата во Љубљана, додавајќи дека неговата малцинска влада во сегашнат ситуација не е во состојба да ги спроведе потребните реформи.

„Со овој состав на парламентиот и со оваа коалиција не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните, но тоа би можел по изборите“, рече Шарец.

Претходно во понеделникот пред Шарец оставка поднесе министерот за финансии Андреј Бартонцељ, поради несогласување со премиерот околу законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување за што во парламентот требаше да се гласа во среда.

Оставката на Шарец автоматски значи и оставка на актуелната влада, а алтернативата за нови избори е можното барање ново мнозинство во парламентот, односно нов мандатат на преодната влада.

Шарец реле дека најдоброто решение, сепак, би биле вонредни избори и додаде дека на нив договорил неговата Листа Марјан Шарец (LMŠ) може да настапи во коалициј со Партијата на модерниот центар (SMC), на сегашниот министер за економија Здравко Почивалшек.

„Свесен сум дека сега ќе дејствува политичката кујна за да се обликува новата преодна влада, но мислам дека би било најдобро и најчесно да одиме на избори и граѓаните да кажат да ли ми веруваат“, изјави Шарец.

На редовните избори во 2018 година, Листата на Марјан Шарец освои 13 мандати во 90-члениот паралемент, двојно помалку од Словенечката демократска партија (SDS) на Јанез Јанша, но Шарец го доби мандатот за состав на владата, бидејќи по силнат кампања од Брисел, Јанша не успеа да собере доволно парламентарно мнозинство.

Партијата на Шарец влезе во коалиција со Партијата на модерниот центар (SMC), Социјалните демократи (SD), Демократската партија на пензионерите (DESUS) и Партијата на Аленка Братушек (SAB) и собра 43 пратеници во парламентот, што е помалку од потребното мнозинство до 46 пратеници. Поддршка во владините законски проекти ѝ даваше опозициската партија Левица, но таа ја прекина соработката со владата пред три месеца, поради несогласувањето околу социјалните политики. Оттогаш започнаа проблемите за Шарец, кој преживуваше со помот на провизорни договори со одредени делови од опозицијата, на пример со Словенчката национална партија (SNS) на Змаго Јелинчич.