Во Словенија во последните 24 часа не е забележан ниден нов слуичај на зараза или смрт поврзана со Covid-19, а благодарејќи на добрата епидемиолошка ситуација во понеделникот по два месеца повторно се отвораат детските градинки и училиштата, а ќе бидат релаксирани и други дејности како продавниците и туризмот.
Од 479 тестирања не е потврден ниеден случај на ново зараза со коронавирусот, па вкупниот број лица заборлени од Covid-19 од почетокот на епидемијата останува 1.466. Досега регистрирани се 104 смртни случаи, додека во болниците има само 25 пациенти, од кои 5 на интензивна нега, објави во понеделникто словенечката влада.
По долгиот период учење „на далечина“ од денеска се вратија учениците на првите три класа од основното образование, а нивните реодители мораа да потпишат изјава дека децата се здрави и дека немале контакти со лица кои се сомнителни на Covid-19. За учениците во погорните класови, образовниот процес продолжува електронски, без најави дека тоа ќе се промени до крајот на училишната година.
Истовремено е обновена и наставата за завршните класови во средните училишта, како и работата на детските градини, но под посебни услови и во помали групи деца.
Од денеска е дозволено работењето на сите продавнции, а за отворање се подготвуваат и помалите туристичко објекти со капацитети до 30 посетители до дозвола на владата, но без многу шанси да ги примат најчестите странски гости од Италија, Германија и австрија, бидејќи северните и западните граници остануваат затворени.
За да се промени тоа, потребно е протоколите за влегувње и транзит да се договорат со билатерални договори. На тоа деновите предупреди и премиерот Јанез Јанпа појаснувајќи ги околностите во врска со прогласувањето на крајот на епидемијата од Covid-19 во Словенија, какпо и началната одлука на влдата според којашто отсега во земјата е дозволен влез без задолжителниот карантин за сите државјани на ЕУ и земјите на европскиот економски простор.
За да му помогне на туристичкиот сектор, словенечката влада оваа седмица во нов законски пакет ќе настојува да му помогне на туризмот, како една од најпогодените дејности. Законот би требало да им овозможи на туристичките компании и натаму да добиваат субвенции за ксратено работно време и придонеси за вработените, бидејќи сегашните мерки за помош на стопанството истекуваат до крајот на мај.
Законот предвидува со иста цел да бидат воведени и туристички ваучери од 200 евра за вработените, кои оваа сума ќе може наменски да ја користат само во домашните туристички капацитети, со што би се зголемила домашната потрошувачка.
Од друга страна, на опасност од големи загуби и можни отпуштања поради кризата, предупредуваат и од другите стопански гранки, па трговците предупредуваат дека годинава ќе забележат 15 до 20-процентен пад на прометот. Кластерот на произведувачи на автомобилски делови и опрема, пак, предупредува дека доколку изостане новата државна помош во оваа дејност, уште есенва би можеле да остана без четвртина од сега вработените, а станува збор за производство насочено кон извозо, и во голема мера зависно од состојбата во автомобилската индустрија во Германија и нејзините нарачки.