За да го амортизира потенцијалниот удар од скокот на цените на мазутите врз потрошувачите, словенечката влада интервенираше со замрзнување на маржите, а размислува и за воведување енегетски ваучери кои би им помогнале на посиромашните домаќинства во зимската грејна сезона.
Владата на премиерот Јанез Јанша на онлајн седмицата донесе уредба со којашто се регулара цента на мазутите, одредувајќи ја максималната цена на маржата од 6 евроценти за литар, и ја утврди методологијата со која цените ќе се одредуваат на секои 14 дена, како што беше и пред дерегулацијата спроведена во 2016 година.
Како што на собир на стопанствениците во четвртокот во Љубљана рече министерот за инфрастурктура Јернеј Вртовец, словенечката влада сега размислува за тоа како да им се помага на претрпијатијата во областа на енергетиката и сѐ повисоките цени, а размислува и за воведување енергетски сертификати за посиромашните домаќинства.
Според министерот, постои загриженост дека ќе растат на цените за централното затоплување, за што одлучуваат локалните задници односно општините, поради што на седница на владата веќе било дискутирано за можноста за воведување енергетски ваучери за помош на социјално загроземите семејства. Такво решение веќе донела Франција, дадал Вртовец.
„Со тоа би можело да им се помогне на најранливите групи во населението и да им се даде одредена сума во текот на грејната сезона на поедни семејства“, рекол Втровец.
Додал дека прашањето за цените за затоплувањрто го агрижуваат повеќе отколку цените на електричната енергија, каде не очекува поголеми проблеми за малите потрошувачи и домаќинствата, но проблемот е со големите потрошувачоо, како што е железарницата во Јесенице и произведувачот на алуминиум „Talum“, на кои владата веднаш настојува да им се помогне.