![koronavirus slovenija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/koronavirus-slovenija-1.jpg?resize=696%2C486&ssl=1)
Во Словенија, според најновите податоци, во петокот веќе има 141 потврден случај на заразени со новиот коронавирус, што е за 45 случаи повеќе отколку ден претходно, презентираа претставниците на словенечката влада и на националниот Институт за јавно здравство на прес-конференција.
„Од денеска се затвораат сите стоматолошки услуги, освен во седум амбуланти во цела Словенија“, изјави пред новинарите државната секретарка во министерството за здравство, Симона Репар Борншек.
Од петокот, како што истакна Борншек, се менува и начинот на тестирање на коронавирусот. Лицата кои имаат благи симптоми на заразата нема да се тестират, туку ќе останат во домашна изолација, а ќе бидат тестирани и ќе се хоспритализираат само сериозните случаи.
„За две седмици ја запираме државата, но нема место за паника“, рече Борншек и додаде дека сите треба да се придржуваат на правилата, а оние кои се болни да се воздржат од социјалните контакти и да останат дома.
Според податоците во петокот во 14 часот, во Словенија се регистрирани 141 лице заразено со коронавирусот, а најголем раст на случаите има во регионот на Љубљана, додека многу инфоцирани има и во областите на Марибор и Ново Место.
„Сега сме во втората фаза, кога е потребно што повеќе да се ограничат општествените контакти“, рече Нина Пирнат, директорка на Институтот за јавно здравство, и повторно предупреди да се одржува личната хигиена за да се ограничи ширењето од болеста, и одржување на неопходната далечина од оние кои покажуваат знаци на заболувањето.
Словенија доцни со мерките
Комерцијалната телевизија POP-TV извести дека четворица од заболените од коронавирусот кои се хоспитализирани во љубљанскиот Клинички центар (UKC) се во лоша односно „критична“ состојба, повикувајќи се на неофицијални извори.
Во словенечкиот парламент вечерва ќе биде потврдена новата влада која ќе ја води Јанез Јанша, а која веднаш ќе започне да дејствува. Јанша најави сузбивање на ширењето на коронавирусот како прв приоритет на неговата влада, и формирање штаб за координација на активностите во време на епидемиајта, којашто веќе е прогласена, за во иднина активностите да се водат централизирано и од едно место.
Идниот министер за здравст во, Томаж Гантар, попладнето во петокот во текот на своето претставување пред парламентарната комисија за здравство, рече дека инфекцијата со коронавирусот во многу земји, па и во Словенија, долго време била „потценувана“ и споредувана со заразата од сезонскиот грип, но оти се покажало дека се неопходни порестриктивни и порешителни мерки.
Кога станува збор за мерките кои биле потребни, Словенија „доцни за 10 до 15 дена“, а коронавирусот не е политичко прашање, туку прашање е дали инфекцијата, со своите сегашни недоволни капацитети „ќе ја преживее“ словенечкиот здравствен систем, рече Гантар.
Според него, во моментов главен проблем и приоритет е набавката на доволен број запштитна опрема и средства, на што според неговата оцена досега не е сторено доволно.
Имајќи предвид дека некои земји поради своите потребби забрануваат извоз на таква опрема и средства, како и дека не успеал обидот на Словенија да ги набави од Украина, сега би требало да се работи и преку дипломатски канали таа да се обезбеди, а реално би можела да се добие од Кина, рече пред пратениците идниот министер за здравство Томаж Гантар.