![postojna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/postojna.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Словенија ќе побара кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) за санација на последиците од природната катастрофа предизвикани од мразот и снегот.
„И ЕБРД и ЕИБ имаат поволни кредити со доспевање и до 25 години, во случај на природни катастрофи,“ објасни министерот за економија Дејан Жидан и додаде дека пресметките за штетата од невремето ќе бидат познати за две недели.
Според него, најголемите штети се во шумите, на уличната и на железничката инфраструктура како и на електромрежата.
„Поради снегот, мразот и срушените дрвја затворени се 630 илјади километри шумски патишта, односно 93 отсто,“ изјави Жидан, додавајќи дека најголеми оштетувања на шумите има кај Крањ и Постојна.
Словенечката влада донесе одлука за пренасочување на 318 илјади евра од буџетските резерви како прва помош во отстранувањето на последиците од штетите.