Во средбата од 4-то коло на Групата 2 од вториот круг од Европското ракометно првенство во Хрватска, селекцијата на Словенија во Вараждин пред 5.400 гледачи ја совлада Шпанија со 31:26 (13:12), со што ја компликуваше ситуацијата во групата во којашто настапува и Македонија.
По изедначеното прво полувреме, Словенија во вториот дел целосно ја надигра Шпанија и ја избори првата победа во вториот круг и ги продолжи надежите за полуфиналето, додека Шпанците со поразот го загрозија пласманот меѓу најдобрите четири селекции на турнирот.
Ова е прва победа на Словенија над шпанска селекција на големи натпреварувања. Во досегашните 12 меѓусебни средби на олимписките игри, светските и европските првенства, Шпанија забележа 12 победи и едно реми.
Словенците на одмор заминаа со минимална предност (13:12), но по пет минути игра во второто полувреме имаа три гола предност (18:15), а во 37 минута водеа со пет голови (20:15), а во 45 минута ги имаа големите „плус седум“ (25:18). Шпанија на три минути до крајот успеа да намали на „минус три“ (25:28), но повеќе од тоа не можеа да сторат.
Словенците до победата ги предводеше Гашпер Маргуч со пет, и Блаж Благотиншек и Нори Мачковшек со по четири одбрани, додека голманите Урх Кастелиц и Матевж Скок имаа вкупно 15 одбрани (12-3). Феран Соле и Адриан Фигуерас со четири голови беа најдобри во редовите на Шпанија.