Безбедносната ситуација во Босна и Херцеговина е „многу сложена и деликатна“, заклучи Советот на министри на основа на анализа на настаните во текот на демонстрациите во повеќе градови од Федерацијата, кога беше опожарена зграда на Претседателството во БиХ, каде што е и седиштетот на федералната влада.
Мирните протести на граѓаните започнаа на почетокот на февруари во повеќе градови.
Во заклучокот на Советот на министри се констатира дека безбедносната ситуација во БиХ е сложена и дека тоа бара максимален ангажман на сите релевантни фактори- политички и институционални на сите нивоа на власта.
Побарано е преку силна соработка и социјална чувствителност, како и отворен дијалог со пошироката заедница да работи на надминување на насобраните проблеми.