Случајни минувачи спречиле сериозен напад во струшко

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(37) од с.Октиси, струшко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 14.05.2021 на локален пат с.Октиси – с.Долна Белица, пријавениот со тврд предмет се обидел да го нападне Е.И.(37) од с.Октиси, но бил спречен од случајни минувачи.