![pukanje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/pukanje.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во однос на обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, СДСМ и Владата молчат за тоа дали осуден на затворска казна, пукал врз полиција во инцидентот пред една недела во Чаир, и е ослободен заради интервенција на Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, од МВР децидни дека случајот се расчистува, а напаѓачот е веќе во притвор.
„М.Љ., физички нападнал полициски службеник и испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица. По него бил распишан централен распис, но тој на 24.05. сам се пријавил во полициска станица и за него е изречена мерка 30-дневен притвор, која лицето веќе ја издржува. Обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот, известен е Јавен обвинител, а Единицата за насилен криминал веќе поднесе кривична пријава против М.Љ. по член 383 и по член 396 од Кривичниот законик, како и известување до ОЈО со целокупниот материјал од истрагата. Во расчистување на случајот од првиот момент е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од Министерството за внатрешни работи.