Откако српската глумица Данијела Штајнфелд јавно проговори за тоа дека на почетокот од кариерата била сексулано искористена од филмски моќник, реакциите на регионалната јавност потсетуваат на реакциите на американската јавност, по обвиненијата против холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн пред три години, кога беше формирано движењето #МеToo.
Даниела, во документарен филм изјавила дека била силувана кога имала само 21 година, поради што, како што вели, се преселила во САД. Актерката додава дека нејзиниот силувач е моќен човек од домашната филмска индустрија, чие име не сакала да го открие. Самиот настан ја потресол толку многу што не можела да зборува за тоа што се случило во наредните години.
При снимањето на докумнтарецот, Данијела не сакала нејзината приказна да се најде во филмот, но на крај, сепак, одлучила да го стори тоа, сакајќи да му даде на филмот лична нота и повеќе персонализиран тон.
Иако Даниела не го открива името на човекот што ја силувал, српската јавност, но и странските медиуми што пишуваа за филмот, наведуваат дека ова може да биде почеток на движењето „Ме Too“ во Србија.
Движењето „Мене исто така“ (#MeToo) собори дваесетина моќни луѓе во САД, кои биле сексуални насилници, а речиси во половината случаи, на нивните позиции се поставени жени.
„Многу сексуални насилници се активни со години, а оние што малтретирале се чини дека никогаш не се обвинети за тоа, но потоа дојде официјален извештај во кој до детал се опишани сите сексуалните напади и вознемирувања на Харви Вајнштајн, по што следувал „неговиот пад од височините на Холивуд“, напиша „Њујорк Тајмс“ во една пригода.
Една година подоцна, бидејќи случајот „го смени текот на моќта“, анализата на „Њујорк Тајмс“ открила дека најмалку 200 други истакнати мажи оттогаш ги загубиле работните места поради јавни обвинувања за сексуално вознемирување, а неколкумина, меѓу кои и Вајнштајн, се соочиле со кривични пријави.
Најмалку 920 жени пријавиле дека биле сексуално злоупотребени.
Неодамна, во годината што водеше до скандалот со Вајнштајн, помалку од 30 лица со висок профил поднеле оставки или биле отпуштени поради јавни обвинувања за сексуално малтретирање.
„Никогаш не сме виделе вакво нешто порано. Отсекогаш се сметало за ризично да се вработат жени, но сега е јасно дека мажите се поризични како вработени“, вели Џоан Вилијамс, професор на Универзитетот Хастингс во Калифорнија, кој е специјализиран за родови прашање.
По повод објавените текстови во повеќе дневни весници, а кои ја пренесоа изјавата на актерката Данијела Штајнфелд дека од страна на НН лице означено како „моќник од филмската индустрија“ е силувана, Вишото јавно обвинителство во Белград даде барање за собирање на потребните известувања, стои во одговорот кој српските медиуми го добиле од Обвинителството.
Тоа значи дека Даниела Штајнфелд ќе биде сослушана во полиција, каде ќе биде обврзана да го каже идентитетот на сторителот.