
Скопскиот ракометен клуб Металург службено го доби натпреварот против Тулуз, а битолчани мечот со германскиот Рајн Некар Левен.
За Металург оваа службена победа е прва сезонава, откако на претходните осум натпревари македонскиот претставник запиша само едно реми.
Еурофарм Пелистер од друга страна со овие бодови стигна до петта победа и се зацврстија на четвртата позиција на табелата. За германскиот гигант ваквиот пораз беше прв во сезоната.
Причината поради која Е.Пелистер доби службени бодови е неможноста Рајн Некар да допатува во Македонија поради строгите мерки и рестрикциите кои се на сила во Германија.