Смее ли Трамп да биде во Мар-а-Лаго повеќе од три седмици?

Кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп, тогаш претприемач во секторот недвижнини, ја претворил приватната резиденција во Мар-а-Лаго на Флорида во клуб, договорил со градот ограничен престој таму, па сега некои жители на Палм Бич тврдат дека тој го крши овој договор, наведе во својот прилог од саботата телевизијата CNN.

Во Палм Бич разгледуваат дали Доналд Трамп може да го користи Мар-а-Лаго за свој постојан престој, а тоа прашње би можело да биде разгледувано веќе на следниот состанок на градскиот совет, рекол за CNN претставник на градската управа.

Трамп во 1985 година го купи некогашниот приватен посед на Марџори Меривезер Пост, деловна жена и сопственик на компанијата „General Foods“, на кој таа своевремено изгради палата. Во 1993 година њујоршкиот инвеститор имотот го претвори во клуб кој ќе остарува заработка.

Меѓутоа, бидејќи приватната резиденција ја пренаменил во профитабилен бизнис за што добил и даночни олеснувања, Трамп морал да се согласи и на одредени ограничувања.

На пример, бројот на членовите на клубот не смее да надмине 500, а постојат и правила за паркирањето и сообраќајот. Членовите на клубот, вклучително и самиот Трамп, смеат да минат најмногу седум дена последователно во Мар-а-Лаго, а вкупно до три седмици во текот на една година.

Трамп и неговите правни застапници се појавиле неколкупати тогаш на состаноците на градскиот совет за да бараат одобрување за пренамена на имотот. Трамп тогаш се согласил на правилито од 21 ден, а неговиот потпис стои на договорот, наведува CNN.

Меѓутоа, Трамп го надминал тој број дозволени денови па почесто престојувал во Мар-а-Лаго додека беше претседател на САД, а CNN во декември уште објави дека елитните жители на овој град на Флорида немаат намера да му дадат поддршка на Трамп клубот да го претвори во своја постојана резиденција, откако ја напушти Белата куќа. Трамп се врати во Мар-а-Лаго на 20-ти јануари и ја избегна инаугирацијата на неговиот наследник на должноста Џо Бајден.

„Тоа прашање го разгледува нашата правна служба“, изјавил во писмена изјава за CNN, Крик Блуин, претставникот на градот Палм Бич.

Шефот на правната служба Џон Рендолф „го прегледува Договорот од спогодбата за користење и нашите правилници за да утврди дали може поранешниот претседател Трамп да живее во Мар-а-Лаго“, додал Блуин и посочил дека тоа прашање може да биде ставено на дневниот ред на претстојниот состаног на градскиот совет на 9-ти февруари.

„Не постои документ или договор на сила кој му забранува на претседателот Трамп да го користи Мар-а-Лаго како своја резиденција“, соопштија во декември за CNN од „The Trump Organization“.