Сменет началникот на египетскиот генералштаб

Египетскиот претседател, Абдел Фатах ал-Сиси, самиот поранешен претседател на влијателниот Совет на вооружените сили, го смени во саботата началникот на генералштабот на армија Махмуд Хегази, од оваа позиција која е една од клучните институции на власта, соопшти претседателството кое не ја открива причината за овој чекор.

Досега генералниот секретар на министерството за одбрана, Мохамед Фарид Хегази, го заменува Махмуд Хефазиу на местото челник на командата на влијателната египетска армија, а вториот е именуван за советник на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, за стратешко планирање и управување со кризни ситуации.

Близок со претседателот, со кој е поврзан со венчавката на нивните деца, Хегази беше на оваа функција од 2014 година на којашто дојде од позицијата шеф на военото разузнавање. Тој штотуку се врати од Вашингтон каде што учествуваше на состанокот на воените шефови на земјите вклучени во борбата против тероризмот.

Во јули 2013 година, ал-Сиси, тогаш шеф на Врховниот совет на вооружените сили на Египет и министер за одбрана, објави дека по зададениот ултиматум до исламистичкиот претседател Мохамед Морси да се договори со секуларната опозиција по месеците крвави протести со над илјада жртви, го отстранува од претседателската должност и распиша предвремени парламентарни избори. Од тогаш египетските безбедносни сили се соочуваат со бунт и напади од страна на екстремистичките исламистички групи, особено на северот од Синајскиот полуостров.

Најактивната од нив е групата Вилает Синај, поранешна Ансар Баит ал-Макдис (Бранителите на Ерусалим, којашто во 2014 година ѝ изрази лојалност на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава.

Повеќе стотици војници и полицајци ги загубија животите во овие напади на исламистичките групации. Во последниот напад од 20-то октомври загинаа најмалку 58 полицајци во пустината на Синајскиот полуостров, 200 километри југозападно од главниот град Каиро.