Сменета шефицата на шпанското разузнавање, поради шпионирање на премиерот и каталонски челници

Шпанската влада ја сменила Паз Естебан, шефицата на националната разузнавачка агенција, откако е откриено дека телефoните на левичарскиот премиер Педро Санчез и на лица поврзани со каталонското сепаратистичко движење биле цели на на шпионскиот софтвер „Pegasus“, изјави владини извор за Reuters во вторникот.

„Владата денеска одлучи да спроведе измени на чело на Националниот разузнавачки центар (CNI), изјавила министерката за одбрана Маргарита Роблес по владината седница.

Шеесет ичетиригодишната Паз Естебан именувана во 2020 година беше првата жена на чело на CNI каде што работела речиси 40 години. Ќе биде заменета Есперанца Кастелеиро Лиамарез, втората личност во министерството за одбрана.

Шпанската влада извести на почетокот од мај дека го открила шпионскиот софтвер „Pegasus“ во мобилните телефони на премиерот Санчез и на министерката за одбрана Роблес. Истиот софтвер е октриен и во мобилниот министерот за внатрешни работи Ферннано Гранде-Марласке, изави во вторникот портпаролката Изабел Родригез, со што министерот стана третиот шпански владин функционер чијшто мобилен телефон е хакиран.

Естебан минатата седмица се појави пред пратениците во парламентот за да го појасни прислушувањето на каталонските политичари и челници. Комисијата пред која зборуваше подлегнува на службана тајна, но присутните пратеници изјавиле дека Естебан признала оти разинавањето прислушувало 18 каталонски поборници за независност, но секогаш по судски налог, како што бара шпанскиот закон.

Владата објави дека ги истражува обвинувањата за хакирањето на телефоните и прислушувањата, но чувството на непријатност расте поради хакирањето на телефонот на премиерот Санчез.

Овој скандал ја тресе Шпанија откако на 18-ти април годинава канадската организација Citizen Lab соопшти дека идентификувала 60 лица од сепаратистичкото движење на Каталонија чиишто мобилни телефони биле хакирани со израелскиот софтвер „Pegasus“ во периодот меѓу 2017 и 2020 година.

Сознанијата предизвикаа длабока криза меѓу малцинската влада на Педро Санчез и неговата Шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE) .. со каталонските сепаратисти. Каталонската левичарска партија за независност Каталонска републиканска левица (ERC), клучниот сојузник на шпанската малцинска влада, предупред дека нема да ја поддржува додека Мадрид не преаема мерки за обновување на довербата.

Меѓутоа, аферата доби и дополнително значење кога на 2-ри мај владата објави дека биле шпионирани и телефоните на премиерот Санчез и на министерката за одбрана Роблес во мај и во јуни 2021 година, преку истиот софтвер чиј творец е израелската компанија NSO.

Софтверот „Pegasus“, кој овозможува пристап до пораките, податоците или далечинско активирање на камерата и микрофонот во паметен телефон, како и израелската компанија NSO којашто го осмислила, се предмет на сериозни обвинувања откако медиумски конзорциум минатото лето откри дека овој софтвер е користне за шпионирање на телефоните на стотици политичари, новинари, активисти за човекови права или извршни директори на големи компании. Санчез е првиот шеф на држава или влада кој објави дека бил шпиониран преку „Pegasus“.