Смешна и агресивна е американската иницијатива за „непризнавање“ на Путин, оцени Кремљ

Нацрт-резолуцијата за непризнавање на Владимир Путин како претседател на Русија, доколку тој ја извршува оваа должност и по 7-ми мај 2024 година, е одлична демонстрација за мешањето на САД во внатрешните работи на други држави, изјави во средата за новинарите во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако, запознаени сме (со иницијативата на американски конгресмени). Секогаш кога ќе помислиме дека ништо посмешно, ништо поагресивно, понепријателско и понеконструктивно не може да дојде од другата страна на океанот, секогаш грешиме. Такви нешта, за жал, одново доаѓаат“, изјави портпаролот на рускиот претседател.

Претходно беше објавено дека конгресмените Стив Коен, демократ од сојузната држава Тенеси, и Џо Вилсен, републиканец од Јужна Каролина, во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес поднеле предлог-резолуција со која не би бил признат како руски претседател Владимир Путин доколку би се кандидирал и победил на следните претседателски избори.

„Ова е јасна демонстрација не само за Руската Федерација, туку и за сите земји во светот, на тоа дека САД официјално се мешаа во внатрешните работи на други држава“, истакна Песков коментирајќи за новинарите акредитирани во Кремљ.

Песков оцени дека во Кремљ го оценуваат за „неприфатливи“ американските иницијативи, како што е споменатата нацрт-резолуција.

„Сметаме дека ваквите иницијативи на (американските) конгресмените се неприфатливи. Го сметаме тоа за мешање во нашите внатрешни работи убедени сме дека само Русите можат кој и кога треба да биде претседател на Руската Федерација. Ниту една друга земја во светот, парламентарците од која и да е земја од светот немаат никаво право да претендираат на тоа“, истакна Песков.

Во Кремљ, исто така, сметаат дека споменатата нацрт-резолуција е иницијатива која ќе претрпи неуспех и не гледаат особена потреба од посебни коментари и реципрочни соодветни изјави од руска страна.

„Од друга страна, очигледни е дека нашите парламентаци, се разбира, веројатно нема да останат без реакција, што и веќе го гледаме, тие сликовите реагираат на тоа. Американските конгресмени имаат многу невидена законодавна активност, тоа не се совпаѓа во ниедна рамка на современите меѓународни односи“, истакна портпаролот на Кремљ.

На референумот одржан летото мината 2020 година, мнозинството граѓани на Русија гласаа за уставните измени, кои ќе му овозможат на шефот на државата Владимир Путин да остане на власт до 2036 година. Според подотоците кои тогаш ги соопшти руската Централна изборна комисија, уставните реформи биле поддржани од 77,92 отсто Руси, а против се изјасниле 21,72 проценти. Излезноста на еднонеделниот референдум, изнесуваше високи 65 отсто. Единствена област каде мнозинството граѓани гласале против уставните измени тогаш беше Ненецкиот автономен округ.

Според годинава прифатените измени на рускиот Устав, без разлика на неговите претходни претседателски мандати, му се овозможува на сегашниот 67-годишен шеф на државата да се кандидира за претседател уште двапати или потенцијално да остане на власт до 2036 година.