Сместување и парична помош за семејството кое изгуби две деца во пожарот во Шуто Оризари

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, при вчерашната посета на семејството чии деца загинаа во пожарот на нивната куќа во Шуто Оризари им понуди сместување и еднократна парична помош.

„По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, во рамките на моите надлежности и МТСП испратив стручни лица на терен, сѐ со цел навремено згрижување на семејствата.
Екипа на ЦРС Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од семејствата кое прифатило ќе биде сместено
веднаш.
Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите.
Уште еднаш, изразуваме длабоко жалење за немилиот настан кој вчера ја потресе Македонија“, објави министерката Мизрахи.