![tornado](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/tornado.jpg?resize=696%2C356&ssl=1)
Најмалку пет лица загинаа кога смртоносни торнада ја погодија Алабама. Меѓу починатите е тричлено семејство кое живеело во дрвена куќа, како и маж и жена кои живееле во мобилна куќа, јавува Вашингтон Пост.
Потрагите и спасувањето се отежнати од снежното невреме кое следувало во продолжение.
Податоците од Националната метеоролошка служба во Бирмингем покажале дека торнадото формирано на југозападот од Алабама поминало околу 160 киломери и останало на земјата еден час и 20 минути.