Интензивното снежно невреме предзвика сообраќаен хаос во Србија. Вчера на автопатот во Зренањин речиси десетина часа беа заробени околу 200 патници, а беа спасени со воени тенкови и хиликоптери.
Во раните утрински часови, поради високи снежни наноси и силен ветар два меѓународни воза се завеани на железничката линија Змај-Врбас.
Началникот на секторот за вонредни состојби Предраг Мариќ за Б92 изјавил дека започнала евакуацијата на патниците од возовите.
Железничкиот сообраќај на магистралата Белград – Нови Сад – Суботица, меѓу Змаево и Врбас во моментов е во прекин. На пругата стојат два воза и тоа, од полноќ, возот кој синоќа тргнал од Белград за Будимпешта и возот кој утрово, околу четири часот тргнал од Будимпешта кон Белград.
„Патишта на Србија“ инфомира дека поради невремето и снежните наноси кои на места достигнуваат и до 3,5 метри, затворени за сообраќај се преминот „Хоргош“ и патниот правец Суботица-Нови Сад.