5.8 C
Skopje
понеделник, јануари 27, 2025

Снемува лек против коронавирусот во европските земји

Европските земји се соочуваат со недостиг на Ремдесивир, лек против ковид-19, бидејќи имаат ограничените залихи, велат официјалните лица, додека повеќето лекови произведени од Гилеад се продаваат на американскиот пазар.

Во јули, ЕУ и Велика Британија, кои заедно имаат 500 милиони жители, обезбедија дози на Ремодесивир за 30 000 пациенти.

САД потпишаа договор со производителот за продажба на над 500.000 дози, што претставуваше најголем дел од производството на Гилеад во септември.

„Ремдесиви го снема“, изјави за Ројтерс портпаролот на холандското Министерство за здравство, Мартин Јансен, додавајќи дека наскоро се очекуваат нови набавки.

Докажано е дека антивирусниот лек го скратува периодот на закрепнување на најтешките случаи на ковид. Ремдесивир и кортикостероидот дексаметазон се единствените лекови одобрени во Европа за третман на ковид-19. Двата лека ги примил претседателот Доналд Трамп, кој исто така се лекувал и со експериментален коктел со антитела.

Бројот на хоспитализирани во Европа расте, иако во повеќето земји тој е сè уште значително помал отколку пролетта.

„Поради зголемениот број на хоспитализации, побарувачката за Ремдесивир рапидно расте“, рече Јансен.

Полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски деенска изјави дека лекот недостасува во некои болници. Последната пратка Ремдесивир во Полска пристигнала минатиот петок.