Најмалку пет луѓе загинале во снежната бура што погоди делови од Калифорнија.
Во планинската област на Сиера Невада падна повеќе од 1,5 метри снег.
Според метеоролозите се очекуваат нови снежни врнежи во текот на претстојниот викенд, особено на Карпестите планини и американскиот Средниот Запад.
Инаку, од вторникот во сила е наредбата за евакуација на населението од некои делови на Лос Анџелес и на Санта Барбара поради опасност од одрони во подрачјата кои минатата година беа зафатени од пожари.