
Снимањето на новиот филм за Бетмен продолжува наредниот месец во студиото на Warner Bros во Велика Британија.
Снимањето беше прекинато во март поради пандемијата на коронавирусот.
Според информациите, остануваат уште 3 месеци од снимањето, а снимањето би можело да биде завршено до крајот на годината доколку не се влоши ситуацијата со пандемијата.
Мет Ривс го напиша сценариото и ќе го режира филмот. Роберт Патинсон ќе биде новиот Бетмен.
Освен Патинсон, во филмот ќе глумат и Зои Кравиц, Колин Фарел, Пол Дено и Џон Тортуро.