Снимка од блокирањето на полицијата во Волино

Во неделата беше избегнат потежок инцидент при приведувањето на тројца жители на селото Волино општина Дебрца поради инцидент на фудбалскиот нисколигашки натпревар меѓу домашниот клуб и гостите од Сатеска.

Во текот на дуелот меѓу Волино и Црнобуки одигран во Дебарца во рамките на Третата македонска фудбалска лига допло до инцидент, за кој наводно причината е недосуден офсајд за домашниот тим, по што навивачите влегле на теренот. Мечот инаку завршил со победа на Волино од 1:0.

Според досегашните информации на Министерството за внатрешни работи, вкупно биле приведени шест лица, известен е Јавен обивнител и се работи на расчистување на случајот.

Со тоа МВР ги негира информациите дека причина за инцидентот на кој следеше блокада на зградата на полицијата во Охрид била истакнувањето на знаме со „Сонцето од Кутлеш“ или навредливи скандирања упатени на сметка на актуелната власта.