Со чистење на Матка одбележан Светскиот ден на водите

По повод 22  март – Светскиот  ден на водата, спелео нуркачкиот клуб „Врело“ заедно со нуркачите од другите клубови од Македонија го одбележаа денот со акција за подводно чистење на езерото Матка.

Поддршка на настанот даде и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски нагласувајќи го значењето на постоење на високо развиена свест за потребата да се чуваат водите чисти и незагадени.

Иако ние како држава се уште сме богати со води, во светот недостатокот од вода станува  многу сериозен проблем.