Со чорапи прошета низ Парламентот и предизвика бура од коментари на интернет

Австрискиот министер за европски прашања, Гернот Блимел прошетал низ Парламентот во сини чорапи, бојата на неговата Народна партија (ОВП).

Кај опозициската Социјалдемократска партија (СПО), тоа предизвикало негодување.

Дали вашата политика ве извади од чевлите, господине министре Блимел – напишала СПО на Твитер и додала дека министерот треба да се засрами од таквото однесување.

ФОТО: Твитер