Лично сметам, читајќи ја содржината на договорот, дека не се работи во класична смисла на меѓудржавен договор на две суверени држави, туку постигната е една спогодба, договорена поправо спогодба за тоа како треба да се уреди новата држава на границата на Грција, „Република Северна Македонија“ објаснува за Пресинг ТВ, историчарот и професор Михајло Миновски.
Миновски образложи дека од тоа произлегуваат понатаму сите последици што се однесуваат и до АСНОМ и до македонската државност, нејзиниот карактер, континуитетот односно дисконтинуитетот.
„Тоа е во генерално земено она што претставува договорот. И најважно од се е дека со тој договор и таа да речеме ново договорена држава „Република Северна Македонија“ се става во целосна зависност од Грција, меѓутоа ако пошироко се гледа не само од Грција туку и од Бугарија и од Албанија“, појаснува еминентниот историчар.
Според Миновски, во тоа се состои суштината на она што се предизвикува, односно се јавува како последично влијание од овој договор меѓу се’уште Република Македонија и Република Грција.
„Не е зачуван идентитетот, може само категорично да се каже дека не е зачуван туку се виде дека се воизменува односно се менува националниот односно идентитетот бидејќи веќе не се работи за национален идентитет туку за идентитет на народот. И во таа смисла исто така претставува некој преседан во меѓународните односи односно нешто специфична одлика на еден ваков договор кој што така како целина, таков договор не е познат во меѓународните односи и во договорите за решавање на било какви прашања“, нагласи Миновски.
https://www.youtube.com/watch?v=iC-YNrDYSoY