Со домашна, природна маска за кожа, „нахранете“ го лицето

Лицето не сака ветер и ниски температури, бидејќи тие ја сушат кожата и создаваат непријатно црвенило и брчки, а со тоа лицето изгледа постаро.

За да го ублажите надворешното влијание, важна е негата и тоа со неагресивни препарати. Од време- на време нахранете ја кожата со витамини и минерали кои можете да ги најдете во оваа природна маска.

Состојки: две лажици густ јогурт измешајте со една лажица мед, лажичка сок од лимон и прстофат куркума, која секогаш се користела за убавина на кожата.

Добро измешајте ги состојките да добиете компактна смеса која ќе ја нанесете на лицето и оставете ја да отстои десетина минути. После тоа измијте се со млака вода и ставете хранлива крема.

Акцентот во овој препарат е на јогуртот, кој е богат со витамин А и е важен во спречувањето на старењето на кожата.