Тројца кумановци со лажни документи му продале неисправно комби на жител на Пробиптип, купен во странство, информираше МВР.
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Ш.(40) за употреба на исправа со невистинита содржина, за перење пари и други приноси од кривично дело како и за фалсификување исправа. Кривични пријави добиле и З.Ц.(43) за употреба на исправа со невистинита содржина, како и Ж.К.(50) кој се товари за помагање.
Според полицијата, С.Ш. во име на Ж.К. извршил увоз и добил согласност за регистрација на комби „пежо боксер”, кое не ги исполнувало законски предвидените норми и стандарди. Потоа, во текот на 2016 година, тој го продал возилото на лице од Пробиштип за 5.000 евра.
Како доказ во правниот сообраќај З.Ц. употребил исправа со содржина за која знаел дека е невистинита. Ж.К. на З.Ц. му ставил на располагање уверение на негово име издадено од МВР за да го искористи неговиот престој во странство во постапката за увоз и добивање на согласност за регистрација на „пежото“.