Со хеликоптери и дронови продолжува потрагата по планинарите во Италија

Un elicottero sorvola la zona della valanga per cercare le persone ancora disperse sul ghiacciaio della Marmolada a Canazei, 04 luglio 2022. ANSA/ANDREA SOLERO

Операцијата на потрага и спасување на планинарите врз кои во саботата падна лавина во италијанските Доломити во вторникот е ограничена на извидување со хеликоптери и дронови, бидејќи и натаму се заканува опасноста од паѓање мраз и карпи, соопшти италијанската Горска служба за спасување.

Во неделата од 3.343 метри високата планина Мармолада се откачило големо парче карпа, повлекувајќи зад себе низ стрмнината снег, мраз и камења. Во лавината којашто ја поттикнал одронот се стркалале неколку тони мраз и карпи, изненадувајќи бројни планинари коишто се нашле на ткн „виа нормале“ и се обидувале да стасаат на врвот.

Два дена по несреќата потврдени се седум жртви, 13 исчезнати и осум повредени планинари.

Спасувачите стравуваат дека ќе им бидат потребни седмици или дури и подолго време, за од под камењата и мразот да ги извлечат останките на жртвите. Во меѓувреме, предупредија, дека материјалот кој по понела лавината се стврднал, и дека ќе им бидат потребни специјални направи и алатки за да го прокопаат и да дојдат до телата.

„Поради ситуацијата на планината, којашто е исклучително опасно, тоа засега не е возможно“, изјави шефот на спасувачката слуќба Мауриццио Делантонио.

Мармолада, или како што е наречена „Кралицата на Доломитите“, е назив за групата врвови во североисточна Италија, со највисокиот врв Пуната Пенија со 3.343 метри. Ја сочинува гребенот кои се пружа од запад кон исток, со неколку врвови повисоки од 3.000 метри: Пунта Рока – 3.309, Пунта Омбрета – 3.247, Монте Сераута – 3.069 Пиѕо Сераута – 3.035 метри.

Северниот дел од Мармолада е прекриен со мраз, додека јужната страна е обрабена со вертикални карпи, и претставува алпинистички рај со правци од највисок степен на тежина.