Со картичките на Комерцијална може да се вршат трансакции

Комерцијална банка АД Скопје го надминува техничкиот проблем. Како што соопштија од банката, поради технички проблем не беа достапни сервисите на Комерцијална банка АД Скопје.

„Од утрово дел од сервисите веќе се активирани, така што со картичките издадени од банката може да вршите трансакции на сите банкомати на банката и во трговија во земјата и во странство. Активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек за што дополнително ќе информираме“, велат од Комерцијална.

Инаку, од вчера попладнето беа блокирани банкоматите и терминалите на Комерцијална, и граѓаните не можеа да ги користат платежните картички, ниту во трговијата или на интернет, а не се отвораше ниту веб страната на банката.