Со кои мажи жените се најсреќни?

Ако може да им се верува на астролозите, постојат ѕвездени знаци што повеќе, односно помалку ги усреќуваат своите партнерки.

Освен за себеси, сите сме љубопитни да ѕирнеме и што пишува во хороскопот за емотивните партнери, зарем не?

Жените неретко проверуваат дали ќе си одговараат, или, пак, што им претстои во иднината со избраникот на нивното срце.

 

А, според мислењето на астролозите, претставниците на четири знаци се посебно внимателни кон девојките. Односно, тие можат најмногу да ги усреќат партнерките во љубовната врска.

Со кои мажи се жените најсреќни? Прочитајте во продолжение:

Вага

 

Ако вашиот партнер е роден во овој хороскопски знак, тогаш ве очекува хармонична и врамнотежена врска. Се разбира, неопходен е мал придонес и од девојката.

Вагите целосно им се посветуваат на партнерките. Тие се внимателни, полни со разбирање и никогаш не прават драми. Напротив. Секогаш ги сослушуваат проблемите на другата страна, а подготвени се и несебично да помогнат.

 

 

Рак

Тие се родени за романтични врски. Го сакаат домот и семејството, па попрво себеси ќе се лишат од нешто, отколку ближните да ги видат несреќни.

Раковите влеваат потполно чувство на сигурност кај партнерките. Toj никогаш нема да изврши прељуба, бидејќи нему верноста му е исклучително важна.

А, претставниците на овој хороскопски знак се и мошне романтични мажи. Кога ќе се одлучат за една личност, тогаш се работи за огромна љубов.

 

 

Бик

Родените во овој хороскопски знак се идеални партнери за долги врски. Ним особено важни им се блискоста и хармонијата. Наместо ноќни забави, тој порадо ќе помине романтична вечера со саканата.

Со драго срце и самиот нешто ќе зготви, па со чаша фино вино ќе наздрави за љубовта. Биковите се мажи со кои може да разговарате за сѐ.

Тие се емпатични и ретко ги осудуваат другите.

 

Лав

Лавот најпрво мора да го скротите. А, штом ќе го направите тоа, партнерот ќе биде ваш за целиот живот.

Откако ќе ѝ го подарат своето срце на една жена, мажите родени во овој хороскопски знак се максимално приврзани и верни личности. Додуша, тие се и прилично прибирливи, па не се даваат така лесно.

Единствено кога е вистинската љубов во прашање.