Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Ова, додаде тој, значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е многу мал односно изнесува 0,02 проценти, што според Филипче е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината.
Според Филипче, денеска ќе биде надмината бројката од 500.000 вакцинирани со најмалку една доза, од кои над 330.000 се ревакцинирани.
„Очекуваме до крајот на август сите 500.000 да бидат ревакцинирани“, рече Филипче.
Апелираш до сите граѓани дека вакцината е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата.
Како што кажа во продолжение, засега не се планирани нови рестриктивни мерки.
„Размислуваме дали да се направи нешто од септември или почетокот на октомври. Ги пратиме искуствата од другите земји, секаде има дебата дали треба да има некакви рестракции за невакцинираните“, рече Филипче.
Меѓутоа, во фејсбук објава на профилот Магдалена Стојмановиќ, од понеделникот се открива дека во тетовската болница починало лице заболено од Covid-19, иако претходно било вакцинирано со две дози против ова заболување.
Наспроти ова, во досегашните официјални известувања од Министерството за здравство се потенцира дека ниту еден од починатите од коронавирус, не биле целосно вакцинирани.
Во споменатата објава се конкретизира дека 61-годишниот Милан Пауновски, според кажувањето на неговиот син Ристе Пауновски од тетовската редакција на „Мој збор“, починал во тетовската болница како последица на коронавирусот.