СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Тој, во периодот февруари -април оваа година, кога издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор – Штип, преку лажен „Фејсбук“ профил остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити.