Со масажите во „Синерџи“ победете го стресот и сочувајте ја виталноста

Спортскиот центар Synergy Fitness & Spa, лоциран во населбата Аеродром, со право може да се каже дека го држи приматот во изборот на „вистинско место“ кое нуди квалитени услуги за одржување на здраво и витално тело.

Центарот е опремен со најсовремени апарати со комплетната програма на TECHNOGYM за совршен тренинг, но и за релаксација.

Сите оние кои бараат растоварување од секојдневниот стрес, во Synergy Fitness & Spa, покрај програмите за вежбање кои имаат физичи, но и забавен аспект, можат да се опуштат и со масажи, кои секако се препорачуваат за сите возрасти, и се одлична замена за разни спортски активности за кои современиот човек нема време.

Дел од масажите во Synergy Fitness & Spa, кои ги изведуваат стручни лица со познавање на анатомијата и проблемите на телото кај клиентите, се: антицелулитна, релаксациона, медицинска, спортска, Table Thai Yoga масажа….

Антицелулитната масажа е масажа со посебна техника со која се овозможува ослободување на наталожениот целулит и помага во негово елиминирање.

Релаксационата масажа претставува склоп на различни техники.  Се работи со цел да се овозможи физичко и психичко опуштање, баланс на духот и телото. Ослободување од токсини, подобрување на циркулацијата, го подобрува тонусот на кожата и мускулите.

Медицинската масажа и акупресурата претставува пресофлексотерапија која се темели на стимулирање на механорецепторите. Се применува со цел да се отстрани болката, спазмот или грчевите во мускулите.

Спортската масажа е наменета за подобрување на издржливоста и еластичноста.Со длабоки и динамични движења, се опушта телото, истовремено се јакнат парцијалните делови на кои се прави масажата. Спортската масажа е добра за луѓе со повреди, хронични болки или ограничен опсег на движења.

Table Thai Yoga Масажа – претставува современа еволуција и фузија на традиционалната Thai масажа и јогата, повеќе димензионално искуство каде со помош на јога пози се допира до тешко достапните точки на мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите.

Масажата е најстара медицина која човекот ја препознал како лек и задоволство за уморното тело, но истовремено е и најсовремениот облик на релаксација која никогаш не излегува од мода.

Стручноста на вработените лица во овој центар е исто така еден од важните критериуми кои беспрекорно се исполнети и секако влијаат врз изборот на Synergy Fitness & Spa.

Покрај масажите и другите услуги во овој високо профилиран спортски центар, од неодамна  успешно се применува и акупунктурата.