Со „ноќен радар“ 165 санкции за брзо возење на територија на целата држава

Во текот на изминатата вечер (11.08.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 165 возачи.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 50 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.