![benzinska-pumpa-pozar-620x350](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/benzinska-pumpa-pozar-620x350.jpg?resize=620%2C350&ssl=1)
Вработен во Агенција за обезбедување вчера пријавил дека на бензинска пумпа на бул. „Србија“ околу 21:40 часот вработените биле вознемирувани од маж кој кон нив упатувало пцовки, закани и навреди, а во рацете држел нож и сукало.
-По доаѓање на патрола од агенцијата за обезбедување, сторителот му упатил закани по животот и на И.М. вработен во агенцијата. Лицето е приведено од полициски службеници и утврдено е дека се работи за С.П.(28) од Скопје, кој што бил задржан во Полициска станица Кисела Вода, информираат од полицијата.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.