По барање на градоначалникот Шилегов запрена изградбата на фасадите во Скопје

Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов со мнозинство во средата донесе одлука за раскинување на договорите за градба на фасади во централното градско подрачје, a притоа во врска со проектот „Скопје 2014“ предизвика остра реакција од опозицијата.

Шилегов си ги пренесе овластувањатае да проценува колку ќе се плати за обесштетување и плаќање на пенали. Овој потег најмногу ќе удри врз џебот на граѓаните од каде ќе бидат исплаќани високите казни.

Од буџетот на Град Скопје, ќе се одвојуваат пари за плаќање на пенали откако фирмите кои ќе останат без работа, ќе го тужат градот.

Шилегов, исто така, денеска од  говорница во Градот Скопје изјави дека сите на кои им се допаѓал проектот „Скопје 2014“ биле „ментално болни“, бидејќи тоа „не било вкус кој требало да се следи“.

На ваквата скандалозна изјава на Шилегов реагираа советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Градот Скопје, кои му порачаа дека одлуката која се носи за прекин на градбата на новите фасади е правно неиздржана а цехот ќе го платат скопјани.