Со одлука на Врховниот суд, Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Врховниот суд денес донесе одлука со која Томор Морина нема да биде екстрадиран во Србија.

Врховниот суд донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово, се вели во соопштението од Судот.

Во образложението на решението од судот е наведено дека Морина, чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не државјанин на Србија.

Додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Р.К., ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации S/RES/1244 (1999) од 10.06.1999 година, независно од 2008 година, која независност е признаена и од страна на Република Северна Македонија. Поради тоа, согласно со одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и од Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот доолнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција и Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција, судот нашол дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., стои во решението кое целосно може да го прочитате ТУКА.

Томор Морина е во притвор повеќе од две седмици. Тој беше уапсен на 24-ти јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), Томор Морина, беше приведен во Македонија по налог на меѓународната полициска организација Интерпол изаден од Србија која го обвинува за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година.

Официјален Белград веќе побара екстрадиција во Србија, но ова барање прво треба да го разгледа Кривичниот суд во Скопје. Сепак, одбраната на Морина минатата седмица соопштио дека не верува оти поранешниот војник на ОВК ќе биде екстрадиран во Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ уште на почетокот од авгјуст изјави дека не може да верува оти Македонија нема да го екстрадира Тимор Морина, бидејќи тоа би било непочитување на меѓународното право. Стефановиќ тогаш оцени дека загрижува тоа што „претставниците на приштинските власти тврдат дека тоа нема да се случи“ што, како што кажа „упатува дека се во дослух со органите на Македонија“. Додаде дека не може да замисли дека „Македонија, себеси тоа ќе си го дозволи