СДСМ и пиунот на Заев, Ковачевски удрија по џебот на народот со поскапата струја и парно, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Лицемерни се обидите за правдање на ваквата расипничка и антинародна мерка со која сакаат да објаснат дека народот треба да биде среќен што само покачувањето на трошоците ќе биде над 30 посто доколку се земат струјата и парното заедно кои покачуваат со укинувањето на евтината тарифа за 15 и 14.05 проценти.
Воедно од 01 јануари едно просечно семејство парите месечно што ги дава за купување на леб и млеко ќе ги троши за да покачената струја и парно.
Секој еден граѓанин треба да знае поскапата струја, укинувањето на евтината струја и покаченото парно е исклучиво резултат на криминалните политики и пљачка која ја спроведуваат Заевци со тендерите во РЕК и ЕЛЕМ.
Полните џебови на Заевци од тендерите во РЕК денес значат празни трпези за граѓаните кои плаќаат повисоки сметки.
Денес криминалот на Заевизмот и Ковачевски се плаќа многу скапо на грбот на народот.