Со оглед на големиот број фотоволтаици струјата не треба да поскапи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски смета дека цената на струјата од 1 јули не треба да поскапи. До Регулаторната комисија веќе стигнале барањата за цената на струјата од јули до декември, и во наредниот период ќе се разгледуваат по што ќе се донесе одлука за новата цена.

„Поскапување за 32 отсто побара Електродистрибуција. ЕВН уште нема набавено струја и затоа нема доставено цено. Јас сметам дека поскапување не треба да има со оглед на големиот број фотоволтаици кои ги имаме“, рече Бислимоски.

Тој кажа дека уште траат анализите за воведување евтина струја, но тоа е веќе сигурно само треба да се утврди во кој период од денот ќе се воведе.

„За 15 дена ќе се донесе одлуката за евтина струја. Таа ќе биде два часа, во интервал меѓу 11 и 16 часот“, рече Бислимоски.

Сите граѓани нема одеднаш да добијат евтина струја, потребно ќе биде тимови на ЕВН да ги прилагодат броилата.