Со помалку време на социјалните мрежи се намалува ризикот од депресија

Помалку време минато на социјалните мрежи го намалува ризикот од депресивно растројство, се посочува во труд на Универзитетот на Пенсилванија.
Стручните лица сметаат дека има директна врска меѓу ограничувањето на употребата на Фејсбук, Твитер, Снепчет и Инстаграм и подобрувањето на психичкото здравје на корисниците.
Во тек на три недели биле испитани 143 средношколци. Тие биле поделени во две групи – првата имала задача да не ги менува своите навики на интернет, додека пак другата – да биде активна на социјални мрежи само 10 минути дневно.
Податоците покажуваат дека кај младите луѓе со ограничен пристап до социјалните мрежи, симптомите на депресија биле значително помали.