Со СДС во Богданци не владее правото, безброј кривични за градоначалникот, вели Пеев, а институциите не реагираат

Локалните институции во Богданци се потонати во корупција! Богданци очекува правда 7 години! Правда за Македонија беше нашиот слоган на претседателските избори кога Градоначалникот на СДС Блаже Шапов изврши кривично дело “Противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори“, во општина Богданци беа исплатени 38 фамилии со еднократна парична помош за време на распишани избори. За ова кривичното дело ДКСК на пријава на ОК ВМРО-ДПМНЕ Богданци поведе постапка за кривично гонење пред ОЈО Гевгелија, ова денесја преку изјава за медиумите го истакна Марјан Пеев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Богданци.

„Во 2020год во распишани парламентарни избори додека баравме обнова на Македонија, Блаже Шапов ја злоупотреби службената положба и бесправно градеше со буџетски средства на приватно земјиште, поставувајќи бекатон улици во приватни дворови кои ги нема во урбанистичката документација, со цел изборен инжинеринг со буџетски средства, овој предмет е во постапка кај МВР Гевгелија. Во 2021год додека ние се боревме да создадеме нова иднина на локално ниво и повторно во време на распишани локални избори, од СДС Богданци на чело со Блаже Шапов имавме бесправно градење улици со бекатон овој пат без урбанистичка без проектна документација и без спроведена постапка за јавна набавка, за овој предмет на барање на ДКСК по пријава на ОК ВМРО-ДПМНЕ Богданци поведена е истрага од МВР Гевгелија“, вели Пеев.

Тој додава дека ДКСК има одлучено дека Блаже Шапов во 2018год има извршено кривично дело по член 275-в став 1, Злоупотреба на постапка за јавен повик и доделување на договор за јавна набавка и член 353 став 5 Злоупотреба на службена положба и овластување од кривичниот законик, за планирање на активности за обезбедување на предност на фирма на тендери за одржување и проширување на мрежа за улично осветлување за овој предмет ќе се поведе постапка за кривично гонење пред ОЈО Гевгелија. Сите овие наброени кривични дела се сторени во мандат 2017-2021, СДС преку непостапување на институциите задолжени за борба со корупција заедно со обвинителството и судството само купува на време и одолговлекува.

„Дополнително во Богданци имаме отворени предмети за селективна наплата на побарувања во ЈП Комунална Чистота, без планско спроведување на јавни набавки, делење на јавни набавки, незаконски цесии во ООУ Кирил и Методиј и многу други предмети кои чекаат разрешница. Со СДС невозможно е да владее правото подеднакво за сите. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, време е Македонија да ја вратиме на вистинските патеки“, потенцира Пеев.