Со сите државни почести погребан полицаецот Цветковски

На Градските гробишта Куманово, со сите воени почести, денеска беше погребан полицаецот Виктор Цветковски, кој загина додека ги извршуваше работните задачи.

Од Цветковски се прости семејството, роднините, пријателите и неговите колеги полицајци од Полициската станица Куманово, министерот Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и други вработени во МВР.