Со спроведувањето на реформата во пензискиот фонд, осигурениците нема да загубат ниту денар, а државата ќе добие пари

Во услови на економската криза предизвикана од коронавирусот, судејќи според најавените антикризни мерки од страна на македонската влада, многу е веројатно дека на ударна рестриктивните мерки ќе се најдат најранливите категории граѓани, а како една од најчувствителна е пензионерската популација, а се претпоставува дека во со владините мерки ќе страда државниот пензиски фонд во кој месечно мора да се слеат околу 90 милиони евра.

Пензиите во Македонија се мали, некои и под 200 евра, а во просек одвај на ниво на минималната плата од 14.500 денари. Малубројни се пензионерите кои примаат пензии меѓу 500 и 800 евра. Но дупката која овие трансфери ја креираат во буџетот е несомнена. Сепак, во потрагата по средства кои може да се скратат од Буџетот, поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот СДСМ се насочуваат само кон јавната администрација, а не и кон пензионерите, бидејќи политичката казна којашто ќе ја платат може да биде огромна. По десетината години констатно зголемување на пензиите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ доцни со реагирање на економскиот удар од епидемијата, и е единствена политичка групација во Европа којашто предлага кратење на потрошувачката и го поставува изборот дали да ја жртвува јавната администрација или пензионерите.

А предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за префрлање на средствата од приватниот пензиски столб во државниот е чиста национализација, е најновата теза којашто ја лансираше во средата претседателот на комисијата за финансии на СДСМ во гостувањето на ТВ24.

„Она што вие го предлагате, што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, е чиста национализација. Во вториот столб има 515.000 луѓе коишто се сопственици на тие средства, вие не можете да направите таков интервенционизам без да ги прашате тие граѓани“, заклучи Битиќи.

Од своја страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во средата во интервју за „Фактор“, меѓу другото истакна дака доколку Владата ја спроведе реформата во пензискиот фонд, осигурениците нема да загубат ниту денар, а државата ќе добие пари. Смета дека анализите покажуваат оти државниот пензиски фонд (ФЗОМ) е загрозен.

„Ваков каков што е, нема да може да издржи. Затоа што едноставно, трошоците се зголемени повеќепати, а од друга страна нема ребаланс, не гледаме дека некој се грижи да го засили буџетот на здравствениот фонд. Единствено нешто што се случува е да се обидеме да добиеме некаква донација од странство. Практично, засилувањето на капацитетите на здравствениот систем во државата се темели на милост. Дали некој ќе ни донира. Не се темели на некоја стратегија која што требаше веќе да ја имаме’, вели Мицкоски.

На овинувањата од СДСМ дека овие предлози претставуваа своевидна национализација на средствата од пензиските фондови, кои се на осигурениците, Мицкоски уверува дека со предложената реформа, пензионерите нема да изгубат ниту дени.

„Моментно државата носи мерка каде што наместо парите да ги става во две купчиња, ќе ги става во едно… На ваков начин ќе обезбедиме ликвидност, ние сега треба да преживееме. Прашањето е ако продолжиме вака дали ќе дочекаме пензија и дали воопшто ќе имаме можност да ги користиме тие средства“, посочува Мицкоски.

Во продолжение на разговорот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги појаснува предлозите кои се во функција на ликвидност во Буџетот.

„Да се свикаат сите банки во државата, да им се каже дека на државата и требаат пари. Гувернерката еднаш ја намали основната каматна стапка, може тоа да го направи и дополнително со што благајничките записи на Народната банка ќе ја намалат атрактивноста. На сметка на тоа државата ќе објави едногодишни хартии од вредност со поголема каматна стапка од благајничките записи. Дел од овие 25 милијарди што се во записи ќе ги запише државата на свое конто и на тој начин ќе обезбеди барем половина милијарда евра, коишто во овој момент се важни. После ќе биде полесно за економијата. И уште нешто, сметаме дека потребна е веднаш безусловна реализација на капиталните инвестиции, да се обезбеди работа. Тоа е оној план кога вие имате услови на криза и морате да ја зголемите потрошувачката да обезбедите повеќе пари онаму каде што е трудово интензивна дејноста. Морате капиталните инвестиции да ги интензивирате за да се создаде еден вид на спирала на потрошувачка. Тоа е она кое што ние го бараме“, смета Мицкоски.