СВР Охрид во саботата ги објави деталите околу вчерашната тепачка на плажата „Немо“ во Охрид во којашто учествувале повеќе а било употребено и студено оружје
На плажата „Немо“, во петокот околу 10,30 часот настанала расправија и тепачка помеѓу 57-годишниот Д.Г.од Охрид, кој стопанисувал со тобоган и шанк на плажата, и 3-годишниот И.К. од селото Прељубиште кај Тетово, инаку вработен на шанк со кој стопанисува 52-годишниот А.Б. од Охрид.
Потоа во 11,45 часот, И.К. заедно со А.Б. и 39-годишниот К. Ј.од скопсктоо село Студеничани, дошле на локацијата со која стопанисува Д.Г., на која биле присутни и А.М. од охридското село Велгошти, 25-годишниот З.Ј. и 26-годишниот Д.Н., и двајцата од Охрид, и физички ги нападнале, при што К.Ј. употребил нож, а А.Б. дрвена летва, информираат од полицијата.
Од нападот, А.Б. се здобил со расекотина во пределот на градите, З.Ј. со расекотини на главата и левата подколеница, а Д.Г. со расекотина на левата рака.
Од полицијата информираат дека повредите им се констатирани во Oпшта болиница Охрид, каде им била укажана медицинска помош. За настанот е запознаен е јавен обвинител, а сите горенаведени лица се повикани во Полициска станица-Охрид.
По целосно расчисување и документирање на настанот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.